
Официјални службени белешки откриваат дека поранешниот лабуристички премиер го упатил актуелниот министер за бизнис Питер Кајл да се консултира со технолошкиот институт на Оксфорд основан од Лари Елисон – газдата на Оракл, кој донираше 257 милиони фунти во Институтот за глобални промени „Тони Блер“.
Оракл е водечка светска компанија за софтвер и бази на податоци, кои се нужни за да профункционира новиот систем за лични карти, чија вкупна вредност може да достигне неколку милијарди фунти. Основа на системот ќе биде огромна база на податоци што би чинела од 150 милиони до 400 милиони фунти, во зависност од деталите.
Институтот за технологија „Елисон“ (EIT) веќе има договори со четири министерства и служби за информатички услуги во вредност од 700 милиони фунти - здравствената служба НХС и министерствата за внатрешни работи, за труд и пензии, за правда и за животна средина.
Тони Блер одамна има блиски врски со Елисон, кој со богатство од 290 милијарди фунти му ја загрозува позицијата најбогат човек на светот на Илон Маск. Блер лани бил гостин на суперјахтата на Елисон. Набрзо потоа, на 12 септември во Лондон, се сретнал со министерот Кајл и му препорачал да се брифира за работата на Институтот Елисон како „потенцијален одличен ресурс за проект за дигитални лични карти“. Блер притоа забележал дека индиската влада заштедила 15 милијарди долари користејќи дигитална идентификација, се наведува во записникот од состанокот.
По разговорот на Блер и Кајл, владата ги отворила ширум портите за директори од Оракл и од EIT, кои во период од девет месеци се сретнале дури 29 пати со министри и други владини функционери. Министерот за наука, лорд Валанс, се разговарал дури седум пати со претставници на EIT за „плановите за проширување и усогласување со приоритетите на Владата“, покажуваат официјалните записи.
Тони Блер лобира кај Питер Кајл за да закаже состаноци со групи поврзани со Лари Елисон, кој сега е на пол-позиција за договорот за дигитална лична карта. Ова мириса на очигледен конфликт на интереси и ги има сите белези на уште еден договор на инсајдер на лабуристите со лични интереси, забележа лидерот на Конзервативната партија, Кевин Холинрејк.
Актуелниот премиер Кир Стармер минатата недела го објави воведувањето дигитални лични карти, кои ќе бидат неопходни за остварување право на живеење и работа во Британија.
Опозицијата и групи за граѓански слободи предупредуваат дека шемата може да создаде „дистописки кошмар“ кога ќе се прошири врз граѓаните. Од саботата има повеќе од 1,6 милион потписници на петиција против воведување вакви документи за идентификација.
Токму Елисон се залага за централизација на податоците и целосен надзор: „Граѓаните ќе се однесуваат најдобро што можат бидејќи постојано гледаме и снимаме сè што се случува.“
The man behind the digital ID push is Larry Ellison, owner of Oracle, CBS, CNN, and, soon, TikTok. He wants data centralization and total surveillance. "Citizens will be on their best behavior because we're constantly watching & recording everything that's going on." Terrifying. https://t.co/mb05XvnOAx pic.twitter.com/cUx45ORy2F
— Michael Shellenberger (@shellenberger) September 27, 2025