Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Уапсен нуркачот што го разнесе гасоводот Северен тек

30 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Володимир З., украински нуркач осомничен дека во 2022 година го поставил експлозивот што го разнесе гасоводот Северен тек, е уапсен во полскиот град Прушков близу Варшава. 
  • Саботажата на гасоводот на дното на Балтичко Море ја прекина испораката на руски гас до Германија. Никој не ја презеде одговорноста за експлозијата. Берлин распиша меѓународна потерница по Володимир З. осомничен дека го поставил експлозивот, и по Серхиј К. кој ја координирал акцијата.
  • Серхиј неодамна беше приведен во Италија. И двајцата ќе се борат против екстрадиција во Германија, врз основа на тврдењето дека потерниците не важат поради руската воена интервенција во Украина.
  • Нападот врз инфраструктурата се однесува кон „Газпром“, кој е еден од сопствениците и директно ги финансира воените операции во Украина, изјави адвокатот на Володимир.
извор

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
  • На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
  • „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
  • Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.
извор

Странски криминалци ги преполнија затворите во Финска

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Поради преполнетост на затворските капацитети, Финска бара правна рамка за да префрла осудени криминалци да ја отслужуваат казната во странство. Тоа подразбира и странските затвореници да бидат префрлени во ќелии во нивните матични земји.
  • Хелсинки ги разгледува опциите на Шведска - која од август почна да префрла свои осуденици во затвор во естонскиот град Тарту, или на Данска - која во десетогишен договор од 210 милиони со Косово изнајми 300 ќелии во затворот во Гњилане.
  • Според податоци на Службата за затвори и условна слобода, во Финска има околу 3.900 затвореници, од кои 950 се странски државјани.
  • Бројот на странски затвореници е зголемен за 76% изминатата деценија, а бројот на фински затвореници во истиот период е намален.
  • Најголем дел од странските затвореници отслужуваат казни за кривични дела поврзани со дрога (49%), за сексуални престапи (21%) и за убиства (10%).
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Свет
2

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

3

Да си знаат

Македонштина
4

Англиканската црква ја повлече наградата за пакистанскиот имам

5

Трамп постигна договор со Данска за Гренланд

6

Дарко Лешоски: Зошто уште го правите ова? До кога?!

Разно
7

Си биле две бактерии, Трпе и Трпана...

Bookbox
8

„Маж ми нема другари“

1

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

2

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Свет
3

Англиканската црква ја повлече наградата за пакистанскиот имам

4

Трамп постигна договор со Данска за Гренланд

5

Странски криминалци ги преполнија затворите во Финска

6

Од 44 цели за храната, светот ќе ја исполни само најбаналната

Разно
7

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
8

22 години без Даниел Михајловски

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Балканско вуду: Проклетија

Македонштина

Да си знаат

Балканштина

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина

Оние што се по ЈУС уште траат

Македонштина

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина

„Жртва“ на денот

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Го викале Релативнио

Нема технологија што со мрза нема да ја поразиме

Како СССР ги решаваше проблемите со заложници

Исламистичката секс секта која го поддржува Ердоган

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy