Приведен авторот на KONY 2012

Ко-основачот на Invisible Children (KONY 2012) е приведен во Сан Диего... за мастурбирање... во јавност.

Комплетното обвинение за 33 годишниот Џејсон Расел е мастурбирање во јавност и оштетување автомобили под влијание на "нешто" (веројатно алкохол).

"За време на приведувањето, одредивме дека веројатно е подобро да го одведеме болница отколку во притвор," изјавиле од полицијата на Сан Диего.

Расел бил приведен по гаќи, кои според сведоците ги облекол кратко пред да дојде полицијата.

Првиот човек на Invisible Children, Бен Кисеј, во писмена изјава порачал само дека Џејсон е хоспитализиран.

"Џејсон Расел за жал вчера беше хоспитализиран заради истоштеност, дехидрација и неисхранетост. Минатите 2 недели беа емоционално исцрпувачки за нас, посебно за Џејсон, и тоа се манифестираше во вчерашниот несреќен инцидент," стои во изјавата на Кисеј.

И сопругата на Расел објави соопштение во врска со неговото здравје, во кое објаснува дека тој никогаш немал проблем со наркотици или со алкохол, но дека навистина бил изнемоштен во последните неколку недели.

"KONY 2012 навистина го стави Расел во центарот на вниманието а и голем број од критиките околку филмот тој лично ги сфати," пишува Даника Патрик.

17 март 2012 - 13:06