Aко се направи споредба на неколку анализи на оваа тема, сумата би требало да изнесува некаде помеѓу 100 и 200 милијарди долари.
Еве како.
Извештајот на компанијата за истражување на пазарот ИБИС Ворлд, ги проценува вкупните приходи на сите светски интернет провајдери на 196 милијарди долари годишно. Ако се земе во предвид дека ISP индустријата е доста компетитивна, се претпоставува дека трошоците за одржување на интернетот ќе бидат малку помали од приходите.
Според друг извештај, од компанијата First Research, ISP индустријата во САД во 2012-та генерирала 45 милијарди долари. Ако се земе во предвид дека економијата на САД е една четвртина од светската економија, се доаѓа до бројка од 180 милијарди долари на годишно ниво. Тука треба да се земе во предвид и дека економијата на САД многу повеќе зависи од интернет, заради што глобалната бројка веројатно би била пониска.
Во целата математика треба да се земе во предвид дека дел од приходите на компаниите одат и на други трошоци кои не се директно поврзани со одржувањето на интернет. Но и фактот дека за функционирањето на добар дел од интернетот се грижат владини институции и универзитети кои се исклучени од годишните извештаи за приходите на оваа индустрија.
Ова значи дека бројката која веќе ја имаме треба да се адаптира за плус / минус 10%.
Сите овие варијабли и бројки кои сериозно недостасуваат, прават конечната сума да варира меѓу 100 и 200 милијарди долари.