'Kористевме истражувачки техники употребувани за анализи на социјални мрежи како што е Фејсбук. Идејата е дека испитувајќи ги односите меѓу луѓето можеме да ги идентификуваме заедничките интереси во групите или заедниците кои ги формираат,' вели еден од етолозите кои ги посматрале ајкулите од типот црноперка.
Засега, врските меѓу ајкулите на истражувачите најмногу им личат на френдшип врските на Фејсбук иако дополнителни ДНК анализи треба да покажат дали постојат и семејни причини за дружење. Утврдено е само дека возраста не игра пресудна улога во здружувањето.
Ајкулите формираат свои групи во еден реон додека единките од други групи се избегнуваат. Функциите на овие социјални групи не се докрај јасни: дали за да се намали агресивноста на поединците, дали заради заштита од други групи или пак тоа има врска со успешноста во уловот.
Постојат малку студии кои се занимаваат со социјалниот карактер на ајкулите. Претходно е утврдено дека женките во базен знаат да се зближат откако ќе им биде промовиран нов мажјак и дека малите од тнр 'лимон ајкули' остануваат заедно во првите години откако мајките ќе ги напуштат.