Авторот на рецензијата, Виндоус експертот Пол Турот, нагласува дека станува збор за рана тест верзија која уште не е подготвена за јавност.
Главна промена кај новиот ОФис е изгледот кој е адаптиран да одговара и на интерфејсот на новиот Виндоус 8 и на традиционалниот десктоп.
Една од новините е и интеграцијата на Microsoft ID (live.com или hotmail.com корисничка сметка) која дозволува инстант логирање на вашата Microsoft ID сметка.
Постабилна и функционална верзија на 15-та треба да биде објавена кон средината на летото.