Само 9% од испитаниците во истражувањето на PEJ (Project for Excellence in Journalism, проект на Pew Research Center) изјавиле дека "многу често" ги следат препораките за нови вести од Фејсбук и Твитер. Инаку, меѓу овие два извора, корисниците на Фејсбук е многу поверојатно да следат некоја препорака за вест, отколку корисниците за Твитер.
Веројатноста да искористите некоја од социјалните мрежи за препорака, расте доколку користите смартфон или таблет.
Дигиталните читатели и понатаму остануваат најверојатни консументи. Од нив 29% до веста доаѓаат преку пребарувачи (Гугл, Бинг...) 27% преку агрегатори за вести или апликации и 38% преку директни посети.
Што се однесува до парите, американските печатени медиуми изгубиле по 10 долари во приходи од печатени реклами, за секој 1 долар што го добиле од онлајн реклами. Во 2010-та, оваа разлика беше 7 со 1 долар.
Во 2011-та, приходите од онлајн рекламирање пораснале за 207 милиони долари, споредено со падот од 2,1 милијарда долари во приходи од печатени медиуми.
Студијата предвидува дека околу 100 весници планираат годинава да воведат дигитални претплати, поттикнати од успехот на Њујорк Тајмс, кој има 406 илјади претплатници.
Што се однесува до публиката, сите освен печатените медиуми бележат раст на публиката. И тука на прво место е онлајн публиката, која годинава пораснала за 17%. Според истражувањето, 75% од возрасните Американци денес поседуваат лаптоп или десктоп компјутер. Згора на тоа 44% имаат смартфон а 18% имаат таблет.