На видеото, дузина американски војници се заглавени во едно село, додека нивниот непријател се крие во блиската шума. Тие не знаат ниту колку луѓе бројат, ниту (што е уште поважно) каде се наѓаат Талибанците.
Најголемиот дел од муницијата е потрошена на пукање во празно а во еден момент еден од војниците од нервоза фрла граната во празно.
"Ги гледаш ли?" прашува еден војник. "Не, ама ќе пукам," одговара другиот.
Инаку целото видео е снимано од камерата на шлемот на еден од американските војници.
прв дел
втор дел