Со над 100 заболени лица, првенствено во јужна Грција, маларијата станува ендемична во Грција за првпат после 40 години. Постои силен пораст на туберкулозата, десетици смртни случаи на нилска треска а забележани се начини на пренесување на ХИВ карактеристични за суб-сахарска Африка а не за Европа.
Организацијата 'Лекари без граници' предупредуваат дека сите овие симптоми покажуваат дека здравствениот систем на Грција е на граница на распаѓање. Маларијата е излечива и не би можела да се шири во земја во која постои организирано здравство.
Илјадниците отппуштања и намалување на здравствените фондови за дури 40 проценти доведоа до хаос во грчкото здравство. Минатата година е забалежан пораст на побарувања на јавни здравствени услуги за 24 проценти, затоа што многумина веќе не можат да си дозволат приватно лекување.
Лани бројот на ХИВ позитивни меѓу зависниците бил зголемен за 1.250 проценти, веројатно како резултат на укинување на програмаите за бесплатни игли.
Организацијата 'Лекари без граници' во последниве 20 години беше присутна во Грација само интервентно, после големи елементарни несреќи но сега е целосно ангажирана во помагање на јавниот здравствен сектор.