Гугл што веќе не е тоа

Постојат два Гугл-а, пред Гугл+ и потоа. Овој вториов, ништо не прави. Сè заради Фејсбук.

"Последните три месеци работа во Гугл беа виор на разочарување. Гугл кој го сакав беше технолошка компанија која ги поттикнуваше вработените да иновираат. Гугл кој го оставив беше адвертајзинг компанија со единствен корпоративен фокус," пишува поранешниот инженер на Гугл, Џејмс Витакер.

Во својот блог пост објаснува дека компанијата е во паника околу Фејсбук и како да се справи со него.

"Гугл беше богатото дете, кое откако дозна дека не го поканиле на забавата, реши за освета да направи сопствена забава. Фактот дека никој не дојде на забавата на Гугл, стана слонот во собата," пишува Витакер.

Најголемата мака според него е што компанијата намерно почнала да ја напушта иновативноста, и за сметка на тоа се сконцентрирала на натпревар со Фејсбук.

"За компаниите толку беше вредна врската со Фејсбук што тие почнаа да го ставаат овој бренд пред своето име. Пример: facebook.com/nike. Никој го немаше ова направено за Гугл и Гугл тоа го сфати лично. Лари Пејџ лично ја превзема командата. Сè мораше да биде социјално. Она што на некој начин не се поврзуваше со Гугл+ веднаш беше тргано на страна," објаснува поранешниот инженер на Гугл.

Во текстот, инаку објавен на официјалниот блог на Микрософт, Витакер зборува и за неочекуваната промена на навиките на компанијата.

"Гугл Лабс ги изгасија. Ја кренаа цената на App Engine. API-a кои со години се користеа беа укинати или наплатувани. Комплетно исчезна и праксата за вработување на паметни луѓе и потикнувањето да создаваат иновации," раскажува Витакер.

15 март 2012 - 13:47