Дел од сцените ги снимал Џорџ Лукас
Копола и Лукас се пријатели со децении, уште од времето кога Копола работи како продуцент во THX. Лукас ги има снимано сцените со весниците кои се појавуваат во неколку делови од филмот.
Главата на коњот
Во книгата на Пузо, главата на коњот всушност е набиена на еден од столбовите на креветот на Џек Волц. И да, станува збор за вистинска глава од коњ, која продуцентите ја земале од фабрика за изработка на храна за кучиња.
Копола не бил првиот избор
До 1971-ва Копола има напишано неколку евтини филмови и има добиено Оскар за сценариото за Патон. Меѓутоа, причината зошто тој е избран за режисер е затоа што е млад и затоа што е Италијанец. Меѓутоа пред да биде избран Копола, за позицијата се беа земени предвид Елиа Казан, Артур Пен, Петер Јејтс и грчкиот режисер Костас Гаврас.
Ал Пачино не е првиот избор за Мајкл
Со само една голема улога во своето резиме, Ал Пачино не е првиот избор на студиото. За улогата на аудиција се поикани и Мартин Шин и Роберт Де Ниро. Единствено Копола се ангажира Пачино да биде избран. Но тој лошо минува и на пробните снимања, а и самиот Копола чувствува дека актерот е блед и несигурен, што не е карактеристика на мафијашки дон. Додека ги прегледувала пробните снимки, сопругата на Џорџ Лукас, Марсија, му рекла на Копола: "Тој те соголува со неговите очи." Копола се согласил а по некое време и директорите на студиото го прифатиле.
Сите сакаат да знаат како изгледа Брандо како Дон
Парамаунт потпишува договор со магазинот Лајф, кој им дозволува први да објават фотографии од Брандо како Кум. Заради ова, за време на снимањето на отворено, полицијата можела да ги брка неавторизираните фотографи.
Лука Браси ги мрмори зборовите
Лени Монтана a.k.a. Лука Браси е телохранител на еден од вистинските донови на италијанската мафија кој редовно доаѓал на снимањето на филмот. Копола го ангажира Лени за ликот на Браси. Во филмот, пред да се сретне со Донот, тој седи и нервозно го учи својот текст. Но таа сцена е снимана по сцената во која Лука го среќава Донот. Кога Монтана застанал пред Брандо, тој се здрвил и почнал да го мрмори својот текст. Сакајќи да ја искористи целата ситуација, Копола потоа ја снима сцената во која Лука нервозно го учи текстот во градината.
Што е со портокалите?
Иако многумина го толкуваа присуството на портокали во различни сцени како предзнак на смртта (ги има на сцената со атентатот на Корлеоне, на состанокот на доновите, и во градината во која ќе почине Корлеоне) сепак нивното присуство има многу попрактична причина. Портокалите се внимателно избрани да ја "освежат" иначе темната сценографија. "Знаевме дека филмот нема да има многу светли бои и портокалите прават добар контраст. Не се сеќавам дека некој помисли дека портокалите имаат некаква порака," објаснува Дин Тавоуларис.
Проблемот со Синатра
Многумина се сомневаа дека дел од приказната за Џони Фонтејн е базиран на приказната за Френк Синатра и неговите проблеми со добивање на улога во филмот From Here to Eternity. Од објавувањето на книгата Пузо успешно го избегнувал Синатра, се додека еден пријател не инсистирал да го запознае со пејачот. Откако Синатра одбил да се сретне со Пузо, неговиот пријател се расплакал, на што Пузо одговорил "ова не е моја грешка." Синатра тоа го сфатил како извинување на Пузо и почнал да му вика.
Сите главни машки ликови беа номинирани за Оскар
Во годините по Кум, критичарите се воодушевуваат за актерската екипа што Копола успеал да ја собере. Пачино, Дивал и Кан беа номинирани за најдобар спореден актер. Брандон доби награда за најдобар актер, но го одби Оскарот во знак на протест против начинот на Индијанците се третирани во холивудските филмови.