Избори за иднината на порното?

Рик Санторум, најави дека ќе ја спасува Америка од порното. Како и за некои други работи кои ги најави и оваа никој не му ја побара.

По основа на уништување на бракот и врските, како и придонесот кон насилството врз жените и трговијата со луѓе, Санторум најави дека неговата администрација ќе му стави крај на порното во САД.


"Америка страда од пандемија на порнографија. Порнографијата е отровна за врските и браковите. Таа придонесува за изживување над жените и е фактор во проституцијата и трговијата со жени," порачал Санторум, според кој Обама го игнроира проблемот.


Кандидатот за републиканската номинација за претседател на САД, не планира носење на нов закон, туку спроведување на веќе постојниот федерален закон против "непристојност" кој ја забранува порнографијата.


Инаку, за време на кампањата Санторум имаше предлози како одземање на државјанството на САД на сите жители на Порторико кои не зборат англиски, укинување на помошта во храна за сиромашните затоа што Америка и онака веќе е дебела и дека Американците кои не можат да си дозволат здравствено осигурување треба да ги намалат сметките за мобилен.

 

17 март 2012 - 17:30