Холивудскиот бункер на Хитлер

Булдожерите се подготвени да срамнат со земја спомен на еден многу бизарен дел од американската историја: генерал - штабот кој тамошните фанови на Адолф Хитлер го изградиле за да има човекот каде да дојде откако ќе победи во Втората Светска Војна.

Штабот е изграден во 30-тите години и е сериозно опремен: на површина од 22 хектара се изградени 22 соби, постојат огромни резервоари со нафта и вода, дури и подземен бункер за случај на опасност од комунистите. Постоеле и планови за дограбда на базен, библиотеки и спортска сала. Симпатизерите на нацистите сосема озбилно сметале на победа на Хитлер по што тој би дошол во Лос Ангелес и од таму би ја водел својата светска империја.

После нападот на Перл Харбур, полицијата упаѓа во огромниот ранч и ги растерува 50-тината домаќини што го чекале лидерот.

Во подоцните децении објектот станува пребивалиште на хипи заедници. Едно време во 'генералштабот' живеел и писателот Хенри Милер.

Објектите кои сега се планираат за рушење се наоѓаат во непосредна близина на домот на Стивен Спилберг.

 

 

19 март 2012 - 12:12