Само во Флорида во 2010 година биле исплескан 3.661 ученик. Една мајка го тужи училиштето затоа што нејзиното 5 годишно дете било физички казнето иако таа не дала согласнот за такво превоспитување. Но, државните правници потсетуваат дека во Флорида не се ни бара родителска согласнот за плескање.
Физичките казни најчесто ги одобруваат држави на југот на САД во кои тоа се смета за добра педагошка традиција.
Даскалите најчесто користат дрвени или пластични лопатки со кои ги казнуваат немирните ученици.
Училиштето останува последната американска државна институција во која ќотекот е дозволен. Во затворите, болниците, менталните установи и војската тој е забранет.