Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Бил Гејтс се секира што само тој се секира (за ВИ)

28 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Основачот на Микрософт е зачуден што никој не е загрижен за иднината што ќе ја донесе вештачката интелигенција колку што тој е загрижен.
  • Откако со години беше безрезервно оптимистичен за темата, во последниот блог пост одеднаш зазвуче алармантно и предупреди дека ВИ ќе уништува работни места и ќе ја опустоши економијата.
  • „Вештачката интелигенција ќе биде или најголемиот изедначувач некогаш измислен, или најлошиот извор на неправда“, напиша тој во есејот. „Дури и под најдобри околности, транзицијата кон оваа нова ера на вештачката интелигенција ќе биде едно од најтурбулентните времиња во човечката историја“.
  • „Шокиран сум што сум првиот што го кажува ова. Просто оглушен сум од тишината,“ напиша Гејтс.
  • Му препорачуваат да си го провери слухот бидејќи за ова се зборува уште кога ЧетГПТ стана глобална сензација.
извор

Србија до Газа

28 August 2026
  • Share
  • Post
  • Од почетокот на војната и уништувањето на Газа, извозот на српска муниција за Израел се зголемил за 42 пати и на почетокот на оваа година достигнал вредност од 133 милиони долари.
  • Наспроти изјавите на Александар Вучиќ од ланскиот јуни дека Србија го стопира сиот воен извоз, само во првите два месеца од 2026, биле организирани 14 карго летови за Израел.
  • Двонасочна е таа соработка. Израелскиот Елбит Системи на Србија ѝ продаде современи артилериски системи, дронови и опрема во вредност од 335 милиони долари.  
извор

Мате Римац не направи роботаксија за Загреб, ќе враќа големи пари

28 August 2026
  • Share
  • Post
  • До 31 август, односно до понеделник, компанијата на Мате Римац мора да го заврши проектот за роботско такси. Но, речиси никакви се шансите за тоа бидејќи не е исполнет главниот услов по кој кој доби 180 милиони евра европски пари - производство на целосно автономни роботаксија од петто ниво.
  • Засега не е јасно дали компанијата ќе мора да ги врати сите досега исплатени 90 милиони евра. Хрватски медиуми тврдат дека досега биле оправдани само 8,7 милиони евра. 
  • Проектот лично го поддржуваше премиерот Пленковиќ иако кругови предупредуваа дека автономија од тоа ниво е невозможно да се постигне во дадениот рок.
  • Го најавивме проектот во статијата Во Загреб доаѓаат роботаксија.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Обид за атентат

Балканштина
2

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Разно
3

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Разно
4

Од учесник во квизот „Кој сака да биде милионер“, до пласман во Лига на шампиони

Фудбал
5

Вие се радувате што телефонот ви е мобилен?

Македонштина
6

Не баш силно светнал БДП

Разно
7

Мицкоски: Нeма повеќе марихуана економија, младите избраа висока технологија

8

На 97-годишна возраст почина „кралицата на точкестата уметност“

1

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Разно
2

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Разно
3

Мицкоски: Нeма повеќе марихуана економија, младите избраа висока технологија

4

Поплави го збришаа Непал

5

Почина Ратко Младиќ

6

Русија не сака војна со Европа

Мислења
7

Норвешка има нов крал

8

Паѓа бројот на дебели Американци, можно е да е Оземпик

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Вие се радувате што телефонот ви е мобилен?

Балканштина

Обид за атентат

Балканштина

Алиби до алиби

Балканштина

Нестварни се Србиве

Разно

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Балканштина

Српски коментаторски таленти 4

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Куче за слепи

Како за фестивал кој се вика „БРАЌА Манаки“, вадиш слоган „ЕДЕН е Манаки“???

Кај се изгуби Тед Тарнер?

Три бои ЧетГПТ - Македонската борба и идентитет

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy