Од учесник во квизот „Кој сака да биде милионер“, до пласман во Лига на шампиони

Приказната за тренерот на Сабах, кој ќе дебитира во ЛШ со чудесија од пресврт е уникатна. Никогаш претходно не сме пишувале за вакво слично тренерско патување.

Сте чуле ли за Валдас Дамбраускас? Литвански фудбалски стратег на кој патот до тренерската работа му почнал во студиото на најпознатиот квиз во светот.

Дамбраускас во 2002-ра година, на 25 годишна возраст учествувал во шоуто „Кој сака да биде милионер“. Добил 1.000 долари, а парите ги вложил за високо образование во Англија.

Дипломирал во 2009-та на престижниот Метрополитен универзитет, а потоа работел во Брентфорд, како и во неколку локални училишта.

Првата тренерска работа ја добил во Кингсбери Лондон Тајгерс од деветтата дивизија и успеал да ги доведе до нивните најдобри резултати во историјата.

Дамбраускас имал вкупно 12 различни ангажмани, главно во балтичките земји.

Тој никогаш не играл професионален фудбал, но сонувал да стане тренер и посетувал неколку академии на островот. Со Жалгирис има освоено вкупно 8 трофеи за три години.

Во биографијата му стојат и Хајдук Сплит со кој има освоено Куп, како и Лудогорец со кој стигна до титулата.

Врвот во досегашната кариера за 49 годишниот Литванец е Азербејџан. Минатата сезона ја заврши со двојна круна со Сабах, а оваа ја почна со неверојатен начин како од бајките.

Клубот кој постои само 9 години го однесе во Лига на шампиони со победа од 5:2 во продолженијата од реванш дуелот против Хапоел Бер Шева, кој првата средба ја доби 2:1, а водство од 2:1 имаше и на реваншот.

Така Сабах за првпат во историјата стигна до групна фаза од ЛШ, а некогашниот студент и учесник на квиз, Дамбраускас стана првиот литвански тренер кој ќе предводи тим во најсилното клупско европско натпреварување.

Чудо од Азербејџан: Клуб стар 9 години со сензационален пресврт до ЛШ

Необични факти за Сабах, новиот клуб од Азербејџан кој ќе игра во Лига на шампиони

26 август 2026 - 12:27