Сабах стартуваше од 1. квалификациско коло: го поминаа велски Њу Сеинтс, потоа во 2. коло фински КуПС, па во трето данскиот шампион Орхус и на крај израелскиот шампион Хапоел Бер Шева.
Сабах станува само втора азербејџанска екипа после Карабах која ќе игра Лига на шампиони.
10 НЕОБИЧНИ ФАКТИ ЗА САБАХ
1. Клубот е основан во септември 2017-та. Татко на клубот е Јакуб Гусејнов, глава на азербејџанската компанија Bridge Group of Companies која се занимава со градежништво, со хотелски и ресторански бизнис, со логистика и дури со земјоделие.
2. Сабах во првата лига на Азербејџан влегол од 5. место во втора лига. Од прва лига испаднал Кјапаз како послена екипа, а тамошните фудбалски власти решиле да му дадат лиценца за настап во прва лига на штотуку основаниот и перспективен Сабах.
Првиот гол за Сабах во прва лига го дал Црногорецот Марко Девиќ.

3. Мурад Мусаев е најтрофејниот тренер кој досега го водел клубот. Во април 2021-ва година тој замина од Краснодар и после седум месеци седнал на клупата на Сабах. Тогаш екипата била на последно место со шест порази во 10 кола.
Мусаев ја средил екипата и ја донел до место во еврокуповите. После една година Сабах дури и се вмешал во борба за титулата но не можел да го симне хегемонот Карабах.
4. Прв настап во Европа им биле квалификации за Лига Конференции. го поминале латвиски РФШ и се држеа со белградски Партизан но испаднаа на пенали.
5. Василиј Березуцки првпат станал главен тренер во кариерата во Сабах. Овој легендарен руски стопер од ЦСКА Москва, тренерската кариера ја почна како помошник на Леонид Слуцки во кинески Шангај, па помошник на Виктор Гончаренко во Краснодар и ЦСКА.

Првото искуство како главен тренер го имал во Сабах каде го освоил Купот на Азербејџан во сезоната 2024/2025 каде го донел првиот пехар во историјата на клубот. После неколку месеци во 2025-та година заминал од семејни причини и сега е тренер на Урал.
6. Вредноста на Сабах изнесува 17 милиони евра. Според германски трансфермаркт ниту еден играч не е поскап од 2,5 милиони евра колку што го оценуваат 27-годишниот Полјак Тимотеуш Пухач кој го купиле после позајмица од германскиот второлигаш Холштајн Кил.
Замислете најскапо засилување им бил непотребен играч од 12-то место во германска втора лига. А сега ќе играат Лига на шампиони.
Минатата сезона Каират составот на Каират вредеше 9 милиони евра, а овој клуб за учество во ЛШ заработил 23 милиони евра.
7. Во сезоната 2025/2026 Сабах првпат станал шампион. Му избегале на Карабах девет бода. Титулата ја освоија под водство на одличниот литвански тренер Валдас Дамбраускас. Тој има 49 години и освоил 6 шампионски титули со Жалгирис. Во Азербејџан веќе освоил двојна круна а сега им го донел и најголемиот историски успех - пласман во Лига на шампиони.

8. Сабах игра во селото Масазир кое личи на град (за тамошни услови) и кое е на 16 километри од Баку. Во ова место има околу 10.000 гледачи.
9. Домашниот стадион на Сабах „Банк Республика Арена“ собира 13.000 гледачи. Сабах прво почнал да игра на овој стадион иако на него привремено играле и други клубови од Баку како Нефтчи и Карабах.
10. Сабах има неколку странци од разни земји во својата екипа а повеќето од нив никогаш не играле еврокупови. Сега ќе имаат можност да играат против најсилните и најбогатите клубови од Европа.
Чудо од Азербејџан: Клуб стар 9 години со сензационален пресврт до ЛШ