- Во поплави и одрони од карпи и кал исчезаа преку 1.500 луѓе во непалско-тибетската погранична зона.
- Најмалку 800 од нив се странски туристи. Бројот на загинати засега е околу 300 но без сомнение ќе расте.
- Засега непозната е и причината, но не се работи за земјотрес. Најверојатно се работи за лизгање на голем глечер од повисоките планински делови кој потоа предизвикал огромна лавина.
- Администрацијата на Трамп ќе скрати воена помош за Македонија, Словачка, Тунис и Ирак во вкупна вредност од 52 милиони долари и ќе ги пренамени за Панама, Перу, Еквадор и Колумбија.
- Военото финансирање Македонија и на другите три земји нема целосно да биде укинато, но не е познато за колку ќе биде скратено.
- „Средствата ќе се користат за борба против нарко-тероризмот во нашето непосредно опкружување и за помош во натамошното обезбедување на Панамскиот Канал“, соопшти Стејт департментот.
- Државниот секретар Марко Рубио минатата недела ги посети Колумбија, Еквадор и Перу и им вети дополнителна поддршка. САД веќе најавија префрлање на приоритетите кон Западната хемисфера.
- Стотици следбеници на Хашим Тачи го нападнаа Хашкиот трибунал и се судрија со полицијата, откако поранешниот лидер на ОВК беше осуден на 25 години затвор поради воени злосторства.
- На плоштадот „Маливелд“ во Хаг полицијата била нападната со стапови и цигли, на што одговорила со бибер-спреј и солзавец.
- Интервенирале и специјалните полициски сили, кои приведувале насилни демонстранти.
- Тачи е прогласен за виновен за 4 од десетте точки од обвинението за воени злосторства: за произволно лишување од слобода, за мачење, за сурово постапување и за убиства на 96 луѓе. За воени злосторства се осудени и неговите соработници Јакуп Красниќи (25 години затвор), Кадри Весели (18 години) и Реџеп Селими (13 години).