- Поранешниот командант на Војската на Република Српска и хашки осуденик почина на 84-годишна возраст.
- Ратко Младиќ беше прв човек на војската на Република Српска од 1992 до 1995 година. Командуваше со голем број клучни воени операции, на душа му се става геноцидот во Сребреница.
- Хашкиот трибунал издаде потерница по него во јули 1995 година. Беше уапсен на 26 мај 2011 година во селото Лазарево во близина на Зрењанин.
- - Кој си ти, бре, дедо? - Јас сум оној што го барате, рекол кога го нашле.
- Во 2022 година беше осуден на доживотен затвор.
- Последните 15 години ги помина во затвор. За време на војничката кариера во ЈНА, едно време живееше во Скопје.
- Новинарот на „Јутарњи“ Јурица Павичиќ, кој служел во ЈНА во 1984-1985 година во охридскиот гарнизон, со кој командувал Ратко Младиќ (тогаш сè уште потполковник) го памти како тиранин коиј знаел да збесне ако не било сè под конец во дворот на касарната.
- Џенсен Хуанг поднесе оставка од функцијата извршен директор на Nvidia, откако призна дека имал љубовни афери со осомничена кинеска шпионка и со соработничка од фирмата.
- Управниот одбор на Nvidia соопшти дека нема да има прекини во развојните планови и обврските кон клиентите. За привремен управник на компанијата е назначена Колет Крес, долгогодишна финансиска директорка.
- Аналитичари од Вол стрит предупредуваат дека заминувањето на директорот на најголемиот производител на чипови и воедно највредната компанија во светот може да биде првиот чин од очекуваното пукање на финансискиот балон надуен околу технологијата за вештачка интелигенција.
- По објавувањето на аферата на Хуанг со кинеската шпионка, Nvidia за само две недели изгуби пазарна капитализација во вредност од околу 1.400 милијарди долари.
- „Без Хуанг на челото, вредноста на Nvidia е помала за 25%“, изјави Ден Ајвс, еден од највлијателните аналитичари на Вол стрит.
- Поради својата големина, падот на Nvidia се одразува на сите главни индексни фондови, што има огромни последици на сите Американци што штедат преку инвестиции на берзите.
- Прекуокеанскиот брод „SS United States“, своевремено најбрзиот патнички брод што го препловил Атлантикот, контролирано е спуштен на дното на Мексиканскиот Залив.
- Бродот поголем од „Титаник“, кој 800 пати го преминал океанот, ќе биде најголемиот вештачки гребен во светот. Целта е да се создаде живеалиште за туни, марлини и сабјарки и да се привлечат повеќе нуркачи и љубители на риболов.
- Потопувањето траело 5 часа, значително подолго од очекуваните 45 минути. Со вода биле наполнети сите 128 резервоари за гориво и мазива, за да се спушти рамномерно на морското дно, на длабочина од 55 метри.
- Проектот да се спречи бродот да заврши како старо железо чинеше 13,5 милиони долари.
- „SS United States“ долг 302 метри беше технолошко чудо на бродоградителите од Вирџинија. На првата пловидба во 1952 година, го поминал Атлантикот со просечна брзина од 41 милја на час (66 км/ч), со што за 4,5 милји на час го надминал рекордот поставен од британскиот „RMS Queen Mary“ во 1938 година.
- Двата црвено-бело-сини оџаци на „SS United States“ високи 20 метри лани беа внимателно отстранети и ќе бидат изложени во нов музеј на копно.