- Од почетокот на војната и уништувањето на Газа, извозот на српска муниција за Израел се зголемил за 42 пати и на почетокот на оваа година достигнал вредност од 133 милиони долари.
- Наспроти изјавите на Александар Вучиќ од ланскиот јуни дека Србија го стопира сиот воен извоз, само во првите два месеца од 2026, биле организирани 14 карго летови за Израел.
- Двонасочна е таа соработка. Израелскиот Елбит Системи на Србија ѝ продаде современи артилериски системи, дронови и опрема во вредност од 335 милиони долари.
- Основачот на Микрософт е зачуден што никој не е загрижен за иднината што ќе ја донесе вештачката интелигенција колку што тој е загрижен.
- Откако со години беше безрезервно оптимистичен за темата, во последниот блог пост одеднаш зазвуче алармантно и предупреди дека ВИ ќе уништува работни места и ќе ја опустоши економијата.
- „Вештачката интелигенција ќе биде или најголемиот изедначувач некогаш измислен, или најлошиот извор на неправда“, напиша тој во есејот. „Дури и под најдобри околности, транзицијата кон оваа нова ера на вештачката интелигенција ќе биде едно од најтурбулентните времиња во човечката историја“.
- „Шокиран сум што сум првиот што го кажува ова. Просто оглушен сум од тишината,“ напиша Гејтс.
- Му препорачуваат да си го провери слухот бидејќи за ова се зборува уште кога ЧетГПТ стана глобална сензација.
- До 31 август, односно до понеделник, компанијата на Мате Римац мора да го заврши проектот за роботско такси. Но, речиси никакви се шансите за тоа бидејќи не е исполнет главниот услов по кој кој доби 180 милиони евра европски пари - производство на целосно автономни роботаксија од петто ниво.
- Засега не е јасно дали компанијата ќе мора да ги врати сите досега исплатени 90 милиони евра. Хрватски медиуми тврдат дека досега биле оправдани само 8,7 милиони евра.
- Проектот лично го поддржуваше премиерот Пленковиќ иако кругови предупредуваа дека автономија од тоа ниво е невозможно да се постигне во дадениот рок.
- Го најавивме проектот во статијата Во Загреб доаѓаат роботаксија.