Акциите на Голдман веднаш по објавувањето на писмото на Грег Смит паднаа за 3,4 проценти, со што банката изгуби 2,15 милијарди долари од својата вредност.
Смит го обвини претседателот на банката Гери Кон и главниот извршен директор Лојд Бланкфин, за "распаѓање на моралното ткиво на компанијата."
Тој ги критикуваше и своите работодавци дека ужасно се однесувале со клиентите.
"Во изминатите 12 месеци видов барем 5 различни директори кои своите клиенти ги нарекуваат 'мапети' и тоа понекогаш и во меѓусебни мејлови. Вчудовидува колку малку високиот менаџмент е свесен дека: ако клиентите не ти веруваат, со тек на време ќе престанат да соработуваат со тебе," пишува Смит.
Инаку, Смит беше извршен директор на банката во Лондон, титула што е еднаква на потпретседател во Њујорк.
Од Голдман Сакс одбиле да дадат коментари за текстот надвор од писменото соопштение, во кое изјавиле дека не се согласуваат со ставовите објавени во едиторијалот.