
Интеракцијата на Лејди Гага со нејзините фанови на Твитер е одговорна за една третина од 90-те милиони долари што таа ги заработи минатата година, тврдат експертите од Вол Стрит Журнал.
Бројката е пресметана земајќи ги во предвид 20,7 милиони следбеници кои Гага ги има на Твитер, и кои е поверојатно легално да ја купат нејзината музика заради односот што таа го има со нив.
"Таа навистина комуницира со своите следбеници и ги ре-твитува ако таа е спомената," менаџерот за медиумски содржини на Impact Branding & Design, Џон Бонини.