Најголем дел од парите, 45 милијарди долари, Епл ќе ги потроши на дивидена и на откупување на акции на компанијата од акционерите. За откупување на акциите ќе бидат потрошени 10 милијарди долари.
Инаку, ова е прв пат од 1-ви јуни 1995-та, Епл да исплати дивиденда. Акционерите ќе добијат 2,65 долари квартална дивиденда, а исплатата ќе почне од 1-ви јули. Исплатата на дивидендата ќе се одвива во следните 3 години.
Според економистите, Џобс никогаш не би дозволил исплата на дивиденда, пред се заради данокот од 15%. Наместо тоа, тој би одел на откупување на акциите, со што би ги избегнал давачките.
Аналитичарите објаснуваат дека Епл само дал авторизација за откупување на своите акции, што не значи дека компанијата веднаш ќе почне со тоа.