Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Дебатата за абортусот

Нашите Јана и Тихо веќе осветлија неколку различни аспекти на деликатното прашање за абортусот. Но, во информативна смисла, новиот закон предизвика толку медиумски шашми што стана нејасно кои се фактите околу целиот случај. Каналот 24 Вести организираше дебата на оваа тема, со релевантни гости. Ако сте за (56 мин.), ја имате.

Како да претвориш урбана дистопија во олимписки стадион

На 22-ри март полицијата на Рио се судри со демонстрантите пред стадионот Маракана, кои претходно добија известување од Владата дека нивните домови ќе бидат претворени во паркинг. Ова е само дел од немирите поврзани со преуредувањето на градот за Мундијалот и Олимпијадата.

Ужасот да се биде богат

Марко Армент (marco.org) е првиот вработен на Тамблр, а за скоро време (кога Јаху ќе ги префрли парите) и сериозен милионер. И тој е комплетно потиштен околу тоа што ќе мора да биде богат.

Казиното со влезница од 1,6 милиони долари

Се наоѓа во Макао и тоа на 32-от кат од Галакси Макао казино и ресорт, едно е од најелитните ВИП казина во светот и веројатно ќе го гледаме само на слики.

Валканата тајна на Еверест

Неделава се прославуваат 60 години откако Едмунд Хилари го искачи Монт Еверест. Од тогаш стотици луѓе го качија врвот, секој придонесувајќи за создавање на највисоката депонија на светот.

Кога црквата ќе реши дека дабарот е риба

Патлиџанот е зеленчук ако ништо друго тогаш заради фактот дека шопска нема шанси да е овошна салата. А овошје е, прогласено за зеленчук со судска одлука.

Сочувството се тренира

Способноста емотивно да се ставиме во туѓа кожа не е константа туку вештина која може да се увежбува, тврдат научници.

Најдобрите вирални реклами 2013. (полусезона)

10-те најгледани реклами од годинава се прегледани околу 250 милиони пати, ама математиката на топ листата за нивната виралност вклучува и колку пати се споделени низ најразличните социјални медиуми.

Ако не ги вработите младите, чекајте револуција

Пораката е од германскиот министер за финансии, според кој постои "јасна можност за револуција" и ова се однесува на целата Унија.

Италија #наточак

Татковината на Алфа Ромео, Ферари и Ламборџини, последните неколку години изгледа како разгледница од Пекинг од 80-те. Не е дека секаде има Кинези, туку секаде има велосипеди.

Војна против разголените магазини

Што прави просечен човек кога доаѓа на трафика на која има магазини со голишави девојки на насловна? Ништо посебно, ќе загледа па ќе го купи тоа по што тргнал. Што прави феминистка кога оди на иста таква трафика? Се нервира. До толку што би тужела.

Макрото што го испрашува Холивуд

По повод 250-та епизода од "Inside the Actors Studio," водителот Џејмс Липтон како ретко кога зборуваше за своето минато, а таму многу за зборење.

3Д, Гослинг или Ајрон Мен: што ќе се случува со 007?

Вараети има краток список на режисери кои Сони ги разгледува за следното продолжение на Бонд. Се што е сигурно за сега е дека секој од нив ќе мора да работи со Даниел Крег и дека филмот треба да биде готов за премиера во 2016.

И над Папата има Ватикан

По минатонеделното бранување на јавноста по изјавата на папата Франциско дека и атеистите се добри луѓе ако прават добри дела, ватиканската бирократија реши да дигне рачна и да повлече чекор назад. Сори, атеистите не можат да одат во рајот.

Како работи Ејч - Арот на Ал Каеда

Како и секоја друга организација/компанија, и Ал Каеда мора да се справува со онакви проблеми кои обично ги решаваат кадровите одделенија, по ново наречени ејч ар илити хјуман рисорсис (боже, колку незграпни термини). Писмо на терористичката организација ни открива како HR-ot на Ал Каеда се справува со проблематичните работници. 

Кина ги има сите тајни на американската армија

Комплетните нацрти, дизајни и функционирање на десетина најнови американски оружја и системи, завршија во фолдер на компјутер на кинеските хакери.

Злото сокриено во зелениот чај

Како што обично бива со ултра здравите работи, по неколку години трубење за нив некој седнува детално да ги испита и во нив наоѓа нешто ултра нездраво. Овој пат на ред е зелениот чај.

Сони треба да престане да прави електроника

Без разлика дали е Плејстејшн или телевизор Сони губи пари на секој уред што го продава, а заработува само од правење филмови во Холивуд, продажба на музиката и осигурување.

Камерите што полнат буџет

Само топ 10-те сообраќајни камери во Вашингтон годишно издаваат 29,5 милиони долари казни за сообраќајни прекршоци.

Крвта е додадена или одземена?

Да ви покажеме две видеа од убиството со мачета во Лондон по кое црепот даде интервју.

Чија е Грција?

Прашањето е потешко отколку што се чини на прв поглед. Илјадници расситнети дилеми на оваа тема со години се влечкаат по судовите иако омилената европска спонзоруша од ЕУ цицна стотина милиони евра, не да ги среди имотно - правните односи туку барем да нацрта која земја е чија. И ништо.

А ова е вашиот мозок после раскинување

Цело време мислите на неа, постојано проверувате дали ставила нешто ново на Фејсбук, Твитер или Инстаграм, само размислувате каде ја згрешивте работата и за сето ова не сте виновни вие, туку вашиот мозок и некои промени што настануваат после раскинување.

Банагода, кивирина и ананарозје

Во време на масовно генетско модификување на секаква храна, Бразилците решија да создадат нови хибридни видови на овошја без ниту трошка чепкање по гените.

Видеото што го блокираше ЈуТјуб во Таџикистан

Претседателот на Таџикистан побара ЈуТјуб да се забрани во целата земја, не затоа што не му се гледа ЈуТјуб, туку затоа што не сака други да го гледаат него на ЈуТјуб.