"'Електрониката е Ахиловата пета на Сони и според нашето гледиште таа вреди нула. Според нас, тие треба да излезат од пазарот на електроника.'стои во извештајот на фирмата за инвестициско банкарство Џефрис."
Компанијата која ги смисли Вокмен, Тринитрон и Плејстејшн, во моментов најмногу пари вади од продажба на осигурување, кое го продава само во Јапонија.
Финансискиот огранок на Сони минатата година донел 63% од вкупниот оперативен профит на компанијата. Од ова, продажбата на животно осигурување во изминатата деценија им има донесено оперативен профит од 9,07 милијарди долари.
Дивизијата за филмови и музика на Сони, во овие десет години има придонесено со 7 милијарди долари.
Во истото ова време, Сони електроникс има кумулативни загуби од 8,5 милијарди долари.
"'Проблемот е што бордот е апсолутно фокусиран на поправање на електрониката' објаснува професорот на Хитоцубаши Универзитетот во Токио, Коуџи Јамада, според кој недостатокот на менаџерско внимание скоро би можело да почне да им наштетува на дивизиите за забава и осигурување на Сони."