Пред работата на телевизија, Липтон призна дека управувал бордел во Париз.
"Француските макроа не ги експлоатираат жените. Тие ги претставуваат, како агенти. И земаат процент за тоа. Така живеев. Така ја добив мојата репутација, ништо тука не е спорно. Тоа беше одлична година од мојот живот."
Иако Липтон објаснува дека не верува во трговијата со секс, тој ја брани својата одлука по крајот на Втората светска војна да влезе во овој бизнис.
"На младите девојки очајно им требаа пари од различни причини. Тие беа убави, млади и извонредни. Немаше срам, бидејќи тоа беше комплетно регулирано. Секоја недела беа испитувани од доктор. Големите бордели одлично работеа, се додека шерифот на Париз, жена, не ги затвори. Тоа беше поинакво време."
Неодамна и Снуп Дог (сега Снуп Лајон) призна дека бил подведувач.
"Никогаш не беше околу парите, се работеше за фасцинацијата да бидеш пимп... Како дете сонував да бидам пимп."