Во еден подкаст Армент објаснува дека тој ќе биде "ужасен" богаташ бидејќи не сака да купува многу работи. Тој како и Дејвид Карп (основачот на Тамблр) е минималист и не сака да поседува работи.
Според Армент кога купуваш многу работи, ти треба да се грижиш за сите тие работи, што станува "неочекуван опструкција."
Дури и ако вработиш луѓе за да се грижат за твоите работи, ќе треба да ги менаџираш тие луѓе и ќе станеш работодавец. После ќе треба да вработиш уште луѓе за да ги менаџираат овие што претходно си ги вработил, за ти да не мора да се занимаваш со нив.
Размислувањето на Армент потекнува од една статија од октомври 2000-та од Дејв Бинер, со наслов "Transcendental Money." Винер пишува:
"Сонувај дека имаш перфектна сума на пари. Сега, во теорија ти се чувствуваш безбеден. Како би ги потрошил овие пари?
... ќе купиш втора куќа, трет автомобил, викендици, големи работи, за кои се сомневам дека најголемиот дел од луѓето би биле комотни да ги управуваат. Три автомобили треба да бидат регистрирани три пати годишно. Твојот втор дом треба да биде опремен и одржуван, дури и кога ти не си таму.
Сметаш дека можеш да ангажираш луѓе да ги прават овие работи за тебе? Тогаш ќе трошиш голем дел од својот живот на справување со овие вработени. Дали ова е среќа? Може и не е толку среќа колку што ти мислиш."