Веризон се согласи да го продаде Тамблр на сопственикот на Вордпрес, компанијата Аутоматик, за сума која ако е точна веројатно е врвниот резил за Тамблр.
Содржините за возрасни ќе бидат трајно забранети на платформата како дел од напорите на Тамблр да го одоброволи Епл и да дозволи враќање на нивната апликација во Ап стор.
Кога Јаху даде 1 милијарда долари за Тамблр, од компанијата ги уверуваа корисниците дека треба да бидат раат бидејќи нивното порно никој нема да го закача. Два месеца подоцна Тамблр и Јаху дојдоа до решение како да го остават порното, а пак да вадат пари од сервисот.
Марко Армент (marco.org) е првиот вработен на Тамблр, а за скоро време (кога Јаху ќе ги префрли парите) и сериозен милионер. И тој е комплетно потиштен околу тоа што ќе мора да биде богат.
Она што Јаху го добива со купувањето на Тамблр е пристап до одамна посакуваната млада публика и одлична позиција во мобилниот интернет. Исто така добива и еден куп порно.
Компанијата која лани имаше скромни приходи од нецели 15 милиолни долари, ќе биде купена од остарениот гигант за фрапантни 1,1 милијарда долари, во првиот голем обид на Мариса Мајер да го направи Јаху повторно секси.