Блоговите на Тамблр нудат најразлични верзии на порно, кои се таму сосема легално и речиси на задоволство на компанијата.
Условите за користење на Тамблр се јасни: сексуалните содржини се добредојдени, само ваквите постови треба да обидат обележани со "NSFW," притоа забележувајќи дека нивните корисници "доаѓаат од различни локации, култури и минато, и се со различни ставови кон содржините за возрасни." Единствен исклучок е што Тамблр не сака да ги хостира порно видеата на луѓето. Дури и ова е многу повеќе е заради бендвит отколку морал.
"Ние не сме во бизнисот со профитирање од видеата за возрасни а и хостирањето на овие работи е скапо," објаснуваат од компанијата.
Сепак порното на Тамблр има одредени стандарди. Забранува нетрпеливост по различни основи, содржини со малолетници и се што промовира само-повредување или грозни снимки.
Моментално на порното на Тамблр троши далеку помалку сообраќај отколку пред неколку години, кога 4 од топ 10-те домени беа на тема порнографија. Во меѓувреме и компанијата затвори некои од најпопуларните порно сајтови по основа на - прекршување на правилата и спамирање.
Ако се земе во предвид дека рекламирањето е една од главните работи за кои Јаху сака да го искористи Тамблр малку е веројатно дека ќе се олеснат правилата за порно блоговите на сервисот.
"Од друга страна Јаху ќе треба внимателно да се справува со содржината за возрасни. Има причина зошто Тамблр е популарен кај младите корисници. А строгоста не е една од причините."