Посетеноста на Тамблр достигна месечен минус од 150 милиони посети (не импресии туку посети), откако од 520 милиони посети во декември 2018, паднала на 370 милиони посети во февруари 2019.
На сето ова му претходеше бришењето на Тамблр апликацијата од Ап стор на Епл, откако на нејзе беше откриена детска порнографија. Наместо директно да се справи со искористувањето на малолетници, Тамблр одлучи комплетно да забрани порнографија и сродни содржини.
По ова тие ги надополнија своите правила за користење околу тоа каква содржина смее да се објавува. Забраната стапи на сила на 17 декември минатата година. По воведувањето на забраната од сајтот беа отстранети сите форми на експлицитни содржини со ниво на строгост околу голотија карактеристично за Фејсбук (опфаќајќи уметнички дела, медицинско инфо, образовни содржини и слично).
Кога објавија дека ќе забрануваат порно, ЦЕО-то на Тамблр порача дека на интернет нема недостаток на содржини за возрасни. Изгледа го послушаа.