Тамблр ќе го крие порното под черга

Кога Јаху даде 1 милијарда долари за Тамблр, од компанијата ги уверуваа корисниците дека треба да бидат раат бидејќи нивното порно никој нема да го закача. Два месеца подоцна Тамблр и Јаху дојдоа до решение како да го остават порното, а пак да вадат пари од сервисот.

"За Тамблр е добредојдена слободата на изразување, ама мораме да бидеме чувствителни со милионите читатели и блогери од различни локации, култури и минато, со различни гледишта во однос на содржините за возрасни. Има многу луѓе во нашата заедница кои не би сакале да гледаат содржини за возрасни, а би можеле да имаат и проблеми ако го сторат тоа," пишува во соопштението на Тамблр по повод новите правила.

Во однос на порнографијата, тие воведоа две нови класификации:

- NSWF блогови кои содржат повремена голотија или содржини за возрасни
- Блогови за возрасни кои содржат значително голотија или содржини за возрасни.

Новите правила се едноставни за разбирање, па ако вашиот блог цело време содржи гифови од порно, тогаш тој влегува во категоријата "блогови за возрасни." Доколку од време на време ставате некаква голишава слика (а останатите ви се музика, спорт, филм...) тогаш тој влегува во категоријата NSFW.

Друга главна промена е што во иднина ќе има ограда околу сите Тамблр блогови дури и со најмалку ризична содржина, која ќе се погрижи голотијата да не се појавува во резултатите од пребарувањата или во листањето по тагови.

18 јули 2013 - 11:52