Во официјален блог пост од компанијата беше порачано „содржини за возрасни повеќе нема да бидат дозволени“. Пред некое време Тамблр беше избришан од Ап стор откако на апликацијата успеа да им се протне детска порнографија.
Под забранети содржини се опфатени фотографии, гифови и видеа од човечки гениталии, женски брадавици на гради, и каква било медиумска содржина која вклучува сексуални акти, вклучително и цртежи.
Исклучок од ова се голи класични статуи и политички протести кои вклучуваат голотија, текстови, илустрации и уметност со голотија, се додека на нив нема сексуални акти.
По 17 декември секој експлицитен пост ќе биде обележан и елиминиран од алгоритмите, а до тогаш сите корисници кои објавиле содржини за возрасни ќе добиваат известувања дека нивната содржина наскоро ќе биде недостапна за гледање. Постовите со порно содржина автоматски ќе бидат сменети во приватно, по што нема да бидат достапни за гледање или за споделување во Тамблр заедницата.
На корисниците има остануваат две мерки. Прво, да се жалат ако сметаат дека алгоритамот по грешки им избришал нешто, и второ, да ја експортираат целата своја содржина пред почетокот на чистката.
Уште од своите почетоци Тамблр успешно глумеше лудило околу забелешките за порно содржините на социјалната мрежа. Тие станаа малку повнимателни кога Јаху ја купи компанијата, а последната измена следува откако Тамблр е под раководство од Веризон.
Пораката на ЦЕО-то на Тамблр, Џеф Д’Онфорио, околу измената е: „На интернет нема недостаток на сајтови со содржина за возрасни. Ќе ја оставиме таа на нејзе а нашите напори ќе ги фокусираме на создавање на најпријатната околина за нашата заедница.“