Волфган Шлојбе ова го порача додека во Унијата се разгледуваат некои опции за намалување на стандардите за социјална грижа на ниво на оние што сега постојат во САД. Невработеноста на младите во ЕУ моментално изнесува 25%, што е 2 пати повеќе од стапката кај возрасните граѓани.
Шлојбе за време на конференција во Париз изјавил дека доколку во ЕУ се воведат американските стандарди за социјална грижа, револуцијата "нема да започне утре, туку уште истиот ден."
Германскиот министер порачал дека е клучно да се задржи постојниот европски модел на социјална безбедност и дека неговото укинување е погубно.
Во март во Португалија стапката на невработеност кај лицата под 25 години беше 40%, додека во Грција таа во февруари го достигна рекордот од 64%. Во исто време во Германија и Австрија ова се движи околу 8%.