Италија #наточак

Татковината на Алфа Ромео, Ферари и Ламборџини, последните неколку години изгледа како разгледница од Пекинг од 80-те. Не е дека секаде има Кинези, туку секаде има велосипеди.

Втора година по ред во Италија се продадени повеќе велосипеди отколку автомобили, и тоа со разлика од 250.000.

Речиси 50 години ова беше спротивно, и се до 2011-та, најголемиот дел од Италијанците на работа стигнуваа со автомобили, скутери или јавен превоз. По бројките од 2010-та, во Италија имаше 68 автомобили на 100 луѓе, еден од највисоките просеци во светот, а 66% од вработените одеа на работа со автомобил.

Во меѓувреме оваа навика беше погодена од комбинација на мерки за штедење, невработеност и високи цени на бензинот. До крајот на минатата година Италија беше втора во светот по програми за споделување велосипеди, зад Шпанија а пред Франција.

Моментално најпрославени се програмите во Торино и Милано, а слично масовна иницијатива за споделување има и Фиренца. Ваква програма имаше и Рим се до 2008-ма, кога истата беше прекината бидејќи беа украдени премногу велосипеди.

29 мај 2013 - 18:43