35
Експедиции ќе се обидат во просечна година да го искачат Еверест.
3.500
Е бројот на луѓе кои го имаат освоено врвот во изминатите 60 години. "Еверест повеќе не е искуство од дивината, тоа е МекДоналдс искуство," изјавил планинарот Грем Хојланд.
234
Планинари се качија на врвот на Еверест во само еден ден во 2012.
13
Тони ѓубре од 2008-ма до сега има исчистено Еко Еверест експедицијата на потегот од најдолниот камп до врвот. Ѓубрето вклучува празни боци за кислород, искинати шатори и многу и многу човечки отпад. "Двете стандардни патеки, не само што се опасно пренатрупани со луѓе, туку се и одвратно загадени. Ѓубрето истекува од глечерите, а пирамиди од човечки измет ги загадува високите кампови," пишува планинарот Марк Џенкинс за Нешнл Џиографик.
4,4
Тони ѓубре е собрано годинава од здружениот индиско-непалски тим.
2,5
Тони од ова ѓубре е класификувано како "биолошки опасен отпад."
1,5
Тони ѓубре кое го симнаа планинари беше искористено од 15 уметници од Непал. Од нив направија 74 уметнички дела, кои се продаваат по цена од 17 до 2.400 долари.
240
Приближниот број на луѓе кои умреле додека се обидувале да го стигнат врвот. Најголем дел од лешовите се уште се на планината, замрзнати во "смртоносната зона" која почнува на висина од 7.925 метри.
4.000
Долари депозит мора да и остави секој планинар на владата на Непал, пред да почне да се качува. Доколку планинарот не го симне назад целото свое ѓубре, ги губи парите.