Таг: монт еверест

Кралот на неблагодарните

Малезиски планинар кој е најден пред умирање и спасен од сигурна смрт на Монт Еверест моментално го черечат на интернет затоа што по спасувањето се подал да му се заблагодари на спонзорот на турата, ама не и на Шерпата што го спасил.

Сторијата за првиот подвиг на Монт Еверест кој полни 70 години

Вчерашниот 29 мај потсеќа на Бари и пеналот на Панчев, но тој ден е историја и за алпинизмот кој поминал граница која на човекот му изгледала недостапна. Ја испишале двајца херои кои се величат веќе седум децении.

Снимка со македонските херои од 1989 пред да го искачат Монт Еверест

Членови на експедицијата на незаборавниот подвиг на 10 мај 1989-та се: Димитар Илиевски-Мурато, Владимир Бошковски, Страшо Лозаноски, Јован Попоски-водач, Горазд Росоклија-заменик водач, Ѓорѓи Костовски, Борче Јовчевски, Серафим Серафимовски, Стипе Божиќ, Сашо Андонов, Димитар Тодоровски, Виктор Грошељ, Румен Ќамилов, Слободан Ѓорѓевиќ.

Ред се редат за Еверест

Ситуацијата на глечерот Кумбу, преку кој се стига јужниот базен камп на Еверест, вечерта на 2-ри мај. Отприлика како да се студентски прашања во испитна сесија.

Подвигот Еверест ја однесе и 11-та жртва во 2019

Врвот Еверест е највисоката точка на Земјата (8.848 метри). Да се покори овој гигант е желба на многумина, но многумина и страдаат поради тешките услови за кои треба долга и сериозна подготовка.

Што значи кога ќе кажат „на Монт Еверест е гужва“

Со 11 смртни случаи до сега, пролетта 2019 е на пат да стане најсмртоносната сезона на Монт Еверест откако луѓе почнаа да го искачуваат врвот. Има неколку причини за ова, како временските услови, и се понеискусните планинари кои решаваат да го качат врвот. Сепак главната е гужвата што годинава се створи за качување на Еверест. Пик на сезоната беше 23 мај, кога над 250 планинари беа на патеката кон врвот.

Непал ќе го премерува Еверест да не нешто е смален

Земјотресот од април 2015 што го разниша Непал заврши со над 2.000 загинати, неброена штета, но и разместена геологија во регионот, опфаќајќи ги и Хималаите.

Монт Еверест не е највисоката планина на светот, освен што е

Ако се водиме по науката еден од најголемите планинарски предизвици не е и највисоката планина на планетава. Разликата меѓу она што ние го знаеме и она што науката го тврди е кој од каде мери.

Западна нога веќе да не стапне на Монт Еверест

Со пролетта на Хималаите започнува и кратката, 6 до 8 недели, сезона за искачување на Еверест, кога илјадници странци ќе пристигнат во Непал во обид да ја искачат најголемата планина на планетата, и да влезат во клубот од околу 8.500 членови на кои ова им успеало.

Колку пари ти требаат за да го искачиш Монт Еверест во 2017

За тие што ги следат овие работи знаат дека годинава се кренаа цените на експедициите до највисокиот врв на светот, со тоа што најдрастично поскапување имаше од кинеска страна, каде дозволата за тим од +4 членови порасна од 7.000 долари по планинар, на 9.950 долари. А тоа е само дозволата.

Како Монт Еверест не е највисоката планина на светот

По една поразлична методологија за мерење планини од стандардизираната, врвот Чимборазо во Еквадор е највисокиот врв на светот, а не Еверест.

28 години од големиот подвиг на Мурато

Како член на Македонската Хималајска експедиција, Димитар Илиевски - Мурато на 10. мај 1989. година во 18. часот заедно со придружните членови: Стипе Божиќ, Виктор Грошељ и двајцата шерпаси Сонам и Аџива го искачи највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 метри) и стана првиот Македонец кому му успеал овој подвиг. Таму останале еден час, а за жал при враќањето, Мурато не успеал да се симне во последниот висински логор и засекогаш останал во големата планина.

Индустријата на искачување на Монт Еверест

Шерпас во просек заработува по 125 долари од искачување со легален товар (околу 9 килограми), и тоа ова е просечен, ниту добар, ниту лош шерпас, а тоа што го имаш него не значи дека не треба да земеш и водич низ планината. И тука има од – до цена.

На Монт Еверест со враќање кауција

Секој што планира да ја качи највисоката планина на светот, на враќање од врвот ќе мора да врати барем 8 килограми ѓубре што го сретнал по пат, за да биде на исто со планината.

Валканата тајна на Еверест

Неделава се прославуваат 60 години откако Едмунд Хилари го искачи Монт Еверест. Од тогаш стотици луѓе го качија врвот, секој придонесувајќи за создавање на највисоката депонија на светот.

Жената што ви ги уништи сите оправданија

На секое идно "не можам" или "не може ова да се направи" нека ви текне дека жена без една нога се искачи на Монт Еверест.

Тепачка на врвот на светот

Двајца европски планинари и група на шерпаси направиле тепачка една од највисоките точки на Земјата. Гостите први почнале.

Расчистување на највисоката депонија на светот

Додека другите ќе се борат да го освојат 8.848 метри високиот врв, 16-те членови на Еко Еверест експедицијата ќе го собираат ѓубрето од планината.