26-годишната Индијка Арунима Сина, пред две години ја изгубила ногата кога била фрлена од воз. Во вторникот, истата таа стигна до највисокиот врв на светот.
"Таа го напушти последниот камп во 18 часот во понеделник и на врвот стигна во 10:55 часот во вторник," изјавил за Франс прес организаторот на турата.
Нејзините шерпаси биле загрижени за бавното темпо се додека таа не стигнала на раскрсницата на 8.750 метри, на која планинарите се разминуваат на нивниот пат до врвот.
"Кога стигна на оваа точка, таа собра енергија и самодоверба и почна да се движи навистина брзо."
Сина е поранешна одбојкарка која пред две години бил турната од воз од крадци кои се обиделе да и ја украдат чантата. Кога паднала, таа завршила на шини и воз кој надоаѓал и ја прегазил левата нога. Докторите морале да и ја ампутираат ногата под коленото за да и го спасат животот.
Експедицијата на Сина била спонзорирана од Tata Steel Adventure Foundation, која веќе била запознаена со нејзината приказна.
Мај е најдобриот период за качување на Хималаите од непалска страна. Годинава во овој период до врвот се качија околу 300 лица.