Планинарот Равичандар Тарумалингам е најден во озлогласената „смртна зона“ на Еверест, на околу 8.300 метри, каде освен што нема доволно кислород и температурите знаат да паднат на -5 степени Целзиусови.
Се работи за дел од стандардната рута до Еверест, а човекот бил откриен од Гелје, припадник на народот Шерпа кој се качувал кон врвот со сосема друг клиент од Кина. Гелје го нашол Равичандар премрзнат, како се држи за едно од јажињата што се пуштени по рутата, без резерви на кислород или водичи околу себе.
Иако други тимови само го одминуваат Равичандар, Гелје успева да го убеди својот клиент да се откажат од искачувањето и да пробаат да го спасат планинарот. По ова следува потешкиот дел, Гелје го завиткува Равичандар во својот душек за спиење, го качува на грб и го симнува до 4-от камп каде на помош му доаѓаат и другите Шерпа водичи.
Се работи за висинска разлика од 580 метри (висинска разлика не вкупна должина на рутата) која Гелје ја симнува за отприлика 6 часа со Равичандар врзан на грб, што за многумина е речиси невозможен подвиг.
Кога закрепнува Равичандар се враќа во Малезија каде со својата приказна стигнува и до националната телевизија. Кога за ТВ гостувањето објавува на Инстаграм, Равичандар се заблагодарува на осигурувањето за спасување (кое го прибрало од 4-от камп) и на партнерските организации. Во постот никаде не го споменува Гелје.
Откако и на други постови на кои промовира маици, им се заблагодарува на спонзори и слично, тој повторно не го споменува Гелје, луѓе почнуваат да товарат со хејт и вонредно негативни коментари.
Потоа му додаваат дека почнал и да ги брише негативните коментари на Твитер, како и тоа дека го имал блокирано Гелје на Инстаграм, кој пак го имаше објавено целото патешествие.
Најголемиот дел од критиките е дека Равичандар се фокусирал на помошта на Шерпите од 14 пикс експедишн, негова партнерска компанија, која стигнува до него само откако Гелје сам го симнува до кампот.
По притисокот на крај Равичандар јавно му се заблагодарува на Гелје како дел од Шерпите што помогнале во неговото спасување.
Инаку ова е 3-то качување на Равичандар на Монт Еверест. Во претходното во 2022 тој изгубил 8 прсти на рацете од мраз.