Подвигот Еверест ја однесе и 11-та жртва во 2019

Врвот Еверест е највисоката точка на Земјата (8.848 метри). Да се покори овој гигант е желба на многумина, но многумина и страдаат поради тешките услови за кои треба долга и сериозна подготовка.

Ако пред десетина години на најголемиот подвиг се решаваа само планинари и професионални алпинисти, сега Еверест го качуваат и обични туристи. И тоа обично скапо ги чини.

Кон врвот Еверест доминираат две маршрути - од Непал и од Тибет/Кина. Крајот на мај е ударна сезона на Еверест: на обете маршрути е тесно (на Непалската рута повеќе од 300 луѓе биле заглавени во огромните редици деновиве).

Само во последниве два месеци загинале 11 лица.

Што се случува на највисокиот врв на планетата?

ЕВЕРЕСТ ВЕЌЕ НЕ Е ПРЕДИЗВИК САМО ЗА ИЗБРАНИТЕ, ТУКУ И ЗА ТУРИСТИЧКИ ТУРИ

Официјално првите луѓе кои го покориле Еверест биле Непалецот Тенцинг Норгеј и Едмунд Хилари од Нов Зеланд во 1953 година. Нив двајца ги помагала екипа од преку 400 луѓе.

Внимавајте на динамикава: во 1983 година на врвот се качиле 8 луѓе. Во ’90-те години бројката на планинари кои успеале да го качат Еверест не надминала 40 луѓе. Во 2012 година за еден ден се качиле 234 луѓе!

2018-та стана рекордна. Во пролетта лани врвот го искачиле 715 души!

Главната причина за ваквиот прогрес е развојот на туризмот во Непал. Алпинистите се главен извор на странски пари во земјата. Пријавување на подвигот чини 10.000 долари. А сè понатаму е работа на локалните туристички водичи.

Во просек искачување на Еверест денес чини околу 42.500 долари од човек.

Ако пред 20-30 години на алпинистите најголема мака им било самото искачување, сега подготовките и парите кои треба да се дадат се можеби поголем подвиг.

Во цената се вклучени и непалските шерпаси кои ако треба ќе го качат клиентот на сопствениот грб. Шерпасите имаат наследна адаптација на огромната висина (тие живеаат отприлика на 4.000 мнв.) Тие најчесто се задолжени да ги вршат најтешките работи на групата која оди нагоре, носат товар и помагаат. За многу од нив тоа е единствениот приход на заработка.

ОД ШТО НАЈМНОГУ И НАЈЧЕСТО ЛУЃЕТО СТРАДААТ ГОРЕ?

Деновиве (крај на мај) горе има многу народ, така што за да се искачат последните 300 метри до врвот, групите стојат по неколку часа. Иако една минута на толку многу кислород во воздухот предизвикува голема нелагодност (висинска болест и вртоглавица), па од таа причина сите кои алпинисти горе користат кислородни балони. Но тоа не трае бесконечно.

Обичните туристи таму тешко се справуваат со условите.

- На 44-годишниот Британец Робин Фишер му се слошило на враќање. Тој се спуштил на 150 метри од врвот, паднал и умрел. Само 45 минути претходно бил на врвот на Еверест.

- 54-годишниот Ирец Кевин Прајс не стигнал до врвот: лошо се почуствувал пред последната рунда, се вратил во логорот на 7.000 мнв но таму умрел.

- Тројца индиски алпинисти исто умреле во логорот. За искачувањето им требало 12 часа, ја потрошиле целата снага и за враќање немале сили, и умреле од студ.

- Американецот Ед Доринг успешно се вратил од врвот, но бил шокиран кога видел: „Во еден момент крај мене носеа жена која само што умрела. Беше страшно. Просто како во зоолошка градина“.

Без жртвите од 2019 година, досега на Еверест загинале 293 лица и тоа официјално регистрирани. Телата на повеќето дури и останале таму затоа што е тешко да се однесат назад, хеликоптери и авиони не долетуваат таму.

Делува морбидно, но смрзнатите тела на следните алпинисти им служат за ориентир по патот.

ЗОШТО НА ЕВЕРЕСТ СЕ ПРАВАТ ТОЛКУ ДОЛГИ РЕДОВИ?

Качувањето најчесто е на пролет, кога има поблаги временски услови. Секоја година има се повеќе и повеќе алпинисти на пролет, но годинава пролетта донесе помалку благо време и потешки услови на планината. Луѓето тргнуваат на маршрутата на првата можност и затоа долгите редови се неизбежни.

Деновиве базниот логор (на 5.364 метри) е преполн со околу 1.000 луѓе.

Целата рута од почеток до крај трае од половина месец па до два месеци: најголем дел од времето луѓето го минуваат во базните логори, се адаптираат на воздухот - аклиматизација.

Долгите редици и стоењето во нив е најголем фактор поради што луѓето загинуваат. Кога стоиш во ред има поголем ризик да се промрзне и многу луѓе како последица на тоа умираат. Притоа, кога се стои во редицата напрасно се троши кислородот од балонот.

Порано имало ограничувања кој се може да оди и групите долго време се подготвувале, а сега нема ограничувања - луѓето од Тибет и особено од Непал многу заработуваат од турите на Еверест, па затоа слободно може да оди кој сака.

На 10 мај 2019 се навршија 30 години од епскиот подвиг на Димитар Илиевски - Мурато (1953 - 1989), првиот Македонец кој на 10 мај 1989 година во 18 часот по локално време го искачил највисокиот врв на светот Монт Еверест (8.848 метри).

За жал, Илиевски не успеал да се врати во базниот логор, од горенаведените причини ниту во родната Битола, па засекогаш остана на Хималаите.