Процените се дека во просек планинарите додека да стигнат до врвот прават околу 8 килограми ѓубре. За да се поништи ефектот од нивното ѓубре, тие ќе треба на враќање да соберат и симнат исто толкава количина.
Тие што нема да ги симнат своите 8 килограми, нема да го добијат назад депозитот од 4.000 долари, плус непалските власти се заканија со "сериозни правни мерки," меѓу кои и доживотна забрана за качување на врвот.
Се проценува дека во изминатите 6 децении откако почнаа експедициите на Монт Еверест, по планината има расфрлано околу 50 тони ѓубре - од боци за кислород и пакувања од храна, до човечки измет.
Непал во 2012-та собра 3 милиони долари од наплаќање дозволи за искачување на врвот, а неодамна цената на индивидуалните дозволи ја намали од 25.000 на 11.000 долари.