Видеото ги објави Горазд Росоклија кој два пати е награден за спортски подвиг на годината со највисоката награда во спортот „25 Мај“, а за освојувањето на Монт Еверест во 1989 година, заедно со останатите членови на македонската експедиција, е добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело.
Тој е македонски светски признаен научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата и од 1992 година е професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот Колумбија во Њујорк.