Сомнежот е дека неколку врвови на Хималаите по земјотресот се пониски, тука вклучувајќи го и Еверест, а ова до сега им е потврдено и од неколку сателитски снимки според кои врвот има изгубено околу 2,5 сантиметри.
Затоа што станува збор за врв од 884.800 сантиметри, разликата од 2,5 сантиметри што излегла на сателит ќе мора да биде потврдена и на лице место со излегување на терен.
По оваа основа непалскиот катастар ќе испрати специјално обучена екипа на врвот на Еверест за да добие крајна и верификувана информација околу тоа дали националната гордост е нешто смалена.
Целиот процес почна во 2017 кога тим планинари ангажирани од непалските власти почнаа со обука за теренска работа и сите технички аспекти од премерувањето.
Инаку Непал никогаш до сега сам го нема премерено Еверест, иако највисокиот врв е на негова територија. Планината прв пат е измерена во 1856 за време на британското Големо тригонометриско мерење на Индија и тогаш врвот е измерен дека е 8.839 метри. Со ова раководи Велшанецот Џорџ Еверест, по кого планината и го носи името.
Речиси 100 години подоцна, во 1950-те, индиски тим ја премерува планината и заклучува дека таа е 8.848 метри, височина што во 1970-те е потврдена и од кинески истражувачи. По ова има уште неколку премерувања, меѓутоа ниту едно од нив не е спроведено од непалските власти.