Според сегашните мерки Чимборазо, неактивен вулкан на Андите, се извишува на 6248 метри над нивото на морето, додека Еверест е 8848 метри над нивото на морето.
Цаката е во тоа што планините стандардно се мерат во однос на нивото на морето, меѓутоа кога би се мерела оддалеченоста на нивниот врв во однос на центарот (јадрото) на Земјата, Чимборазо со 6,4 милиони метри е највисоката планина на светот, а Еверест не е ни во 20-те највисоки.
Њујорк тајмс објаснува дека причина за ова што Земјата не е совршена сфера, и е малку израмнета на половите, а проширена во "струкот" заради што нејзиниот радиус на екваторот е поголем за речиси 21 километар.
"Па зошто Еверест ја добива целата слава? Сè е до качувањето.
Искачувањето на Еверест обично бара 10-дневно одење од основниот камп, шест седмици аклиматизирање, и седум до десет дена до врвот. Искачувањето на Чимборазо може да се заврши за две недели, со еден или два дена качување по аклиматизацијата," ја пренесува Њујорк Тајмс изјавата на претседателот на компанијата Алпајн Асцент Интернешнл, Тод Бурлесон, според кој Чиразо е одлична планина за вежбање за походи на големи планини.