29 мај 1953-та е датумот на кој човекот се искачил таму каде што никој никогаш претходно не припарил. Бил освоен Монт Еверест, највисоката точка на земјата од 8.848 метри за историски успех на човештвото.
Извонредните алпинисти кои стигнале под превезот на облаците на Хималаите, во гребенот што ја воспоставува границата меѓу Кина и Непал се Едмунд Хилари од Нов Зеланд и Тензинг Норгај од Непал како шерпас.
Останале горе 15 минути и кој знае на што мислеле додека молчеле поради заморот и јазичната бариера. Потоа биле принудени да се вратат надолу поради недостиг на кислород.
Телеграмата со известување во Лондон пристигналта на 2 јуни, денот кога за кралица била крунисана Елизабета Втора.
Британското кралско географско друштво создало заеднички хималајски комитет со алпинистички клуб од Лондон за да ја организира и финансира експедицијата, за која спонзорите претпоставувале дека тоа ќе биде многу важно за престижот што ќе го донесе за владата на Лондон.
Така и било. Подвигот на Хилари и Норгеј бил истакнат во британскиот печат по повод 60 годишнината од настанот. Телеграф направиле статија со серија на обновени фотографии, на кои можело да се види и опремата за искачување од тоа време.
Експедицијата се состоела од 400 луѓе меѓу кои 362 носачи, 15 алпинисти, 20 шерпаси, еден доктор и еден фотограф/киноматограф по име Џорџ Лоу, кој потоа го направил официјалниот документарен филм.
Носеле багаж од 4.500 кила, а ги предводел англискиот полковник Џон Хант кој со години се обидувал да се искачи на Еверест и кој во тоа време работел во седиштето на НАТО во Европа.
Се работело за многу важна можност за Обединетото Кралство и последна што ќе биде дадена во наредните неколку години.
Непалските власти всушност долги години им дозволувале пристап до Монт Еверест само на Британците, а во 1952-ра им дале овластување и на две швајцарски експедиции кои пристигнале многу блиску до врвот.
Потоа биле планирани повеќе обиди за експедиции од други земји, што би ги исклучило Британците еден подолг временски период.
Британскиот комитет не штедел на трошоци и формирал воена експедиција со широка употреба на материјали од технологија која била на располагање во 50-те, како на пример полесни боци со кислород и чизми со изолиран ѓон.
Групата предводена од Хант се собрала во Непал на почеток на февруари, преноќила во британската амбасада во Катманду бидејќи тогаш немало хотели во главниот град каде што можеле да престојуваат странци.
На почетокот на март, 20-те шерпаси избрани од хималајскиот клуб пристигнале во Катманду за да ги координираат луѓето од експедицијата и да им помогнат да ги носат материјалите неопходни за искачување до почетната точка.
На чело на шерпасите бил токму Тензинг Норгај, кој бил сметан за најдобар шерпас во светот и кој до тогаш имал шест обиди да се искачи на врвот на светот.
На крајот на март, групата пристигнала во Тенгбоче, село сместено во североисточната област на земјата на надморска височина од 4.000 метри. Таму останале до средина на април за потоа да започне вистинското искачување. Во извештаите на членовите на тимот, искачувањето било опишано како сложено и крајно наморно.
Работејќи бавно, експедицијата го поставила својот претпоследен камп на Јужниот Кол, на 7.900 метри.
Снегот и ветерот ги држеле на таа локација два дена. Норгеј и Хилари продолжиле нагоре на 28 мај со триото за поддршка Анг Нима, Алфред Грегори и Џорџ Лоу.
Потоа истиот ден поставиле шатор на 8.500 метри, а луѓето за поддршка се вратиле назад. Следното утро Хилари открил дека му замрзнале чизмите надвор од шаторот.
Ги загревал два часа за да ги одмрзне пред последното искачување носејќи 14 кила опрема.
Во одлучувачкиот момент, шефот на експедицијата како прв пар алпинисти кои ги одбрал да го напаѓаат врвот биле Том Бурдилон и Чарлс Еванс. На 26 мај успеале да стигнат на само 90 метри од целта, но поради недостик на кислород биле принудени да се вратат.
Потоа зелено светло добиле Хилари и Норгеј кои имале втор обид, овој пат крунисан со успех. Последниот дел од искачувањето се состоел од тешка и вертикална карпеста површина од 12 метри подоцна наречена „Чекорот Хилари“.
„После тоа искачување почнавме наеднаш да одиме и наеднаш бевме на врвот, речиси без да го сфатиме тоа“, рекол Хилари во своите мемоари.
На височина од 8.848 метри се нашле на 29 мај во 11:30 часот. Во тие 15 минути го искршиле мразот за да стават крст, а на некои места закопале предмети и храна, како доказ за првото искачување, прво во историјата.
Хилари го фотографирал Тензинг како позира со својата ледена секира, но од Хилари нема фотографија. Во автобиографијата на Тензинг се вели дека Хилари едноставно одбила да се фотографира и само одмавнал со главата. Направиле фотки и надолу по планината.
Поради снежните наноси кои им ги покривале трагите, спуштањето им било комплицирано. Првиот човек кој го сретнале бил токму фотографот Лоу на кој Хилари му рекол: „Па, Џорџ, го соборивме копилето“.
Кога се вратиле во Катманду неколку дена подоцна дознале дека биле прогласени за витези од страна на кралицата Елизабета Втора.
Вестите пристигнале до Британија на денот на нејзиното крунисување, а печатот го нарекол успехот подарок за крунисување.
Првиот јунаци кои ја испишаа најголемата алпинистичка историја потоа низ годините добивале ред други награди и признанија, од нив се поставени статуи, напишани се книги и снимени се филови.
На 50 годишнината од подвигот непалската влада на Едмунд Хилари му додели почесно државјанство и тој станал први странски државјанин што ја добил таа чест.
Тајм пак го смести Тензинг Норгај во топ 100 највлијателни луѓе на 20 век.
Хилари почина на 11 јануари 2008-ма на 88 годишна возраст и погребан е со државни почесто во Нов Зеланд. Тензинг Норгај починал на 9 мај 1986-та на 71 година и кремиран во Хималајскиот планинарски институт, Дарџилинг, кое било неговото омилено место.