Највисоката планина на светот е Чимборазо во Еквадор која е дел од Андите, и тоа со висина од 6248 метри.
Како тоа кога врвот на Еверест е на 8848 метри?
Работата е што врвот на Чимборазо е најоддалечената точка од центарот на Земјата, и со тоа највисока ако се мери според оваа дистанца.
„Во основа затоа што Земјата не е рамна, таа е испупчена на екваторот и се сплеснува кон половите.
Ова значи дека планините во близина на екваторот технички се повисоки отколку оние во други области, а се погоди Чимборазо да е речиси точно на струкот на нашата планета, додека Еверест е 28 степени посеверно,“ објаснува Џош Храла во Сајанс алерт.
Ако се земат предвид сите овие пресметки, Еверест е оддалечен 6382 километри од центарот за Земјата, додека Чимборазо успева да дотера до 6384 километри.
Заради 2 километри разлика што го ставаат Чимборазо на прво место на листата, Еверест не успева да влезе ни во топ 20 највисоки планини според ова мерење.
Еверест и понатаму останува највисока планина за искачување мерено од нивото на морето и неспоредливо потешка од Чимборазо, каде 14 дена минуваат во аклиматизација на висината а 2 дена на качување.