Од Владата не ја објаснуваат причината за забраната, меѓутоа главен сомнеж паѓа на едно видео аплоудирано на ЈуТјуб на 18. мај.
Во видеото под наслов "Пијаниот таџикистански Претседател пее песна," се појавува вечниот претседател Емомали Рахмон како пее и игра на една песна за време на свадбата на неговиот син во 2007-ма.
Ова е трета пат како Таџикистан го блокира ЈуТјуб во изминатата година. Од 8 милиони жители се проценува дека 2 милиона се интернет корисници. До сега сите освен еден интернет провајдер ја испочитувале одлуката на Владата.