Николас Виндинг Рефн
Кога Рефн (Drive) беше запрашан во Кан за можноста да го режира Бонд, неговиот одговор беше "Го сакам Бонд... го сакам." Изборот на Рефн би значело веројатно и најнасилниот Бонд до сега и најмногу пцуење до сега. Неговиот најнов филм Only God Forgives, беше сериозно критикуван во Кан заради немилосрдното насилство. Иако главната улога е зафатена, филмовите на Рефн во последно време тешко минуваат без Гослинг.
Анг Ли
Изборот на филмови на Ли е речиси перфектен. Со неодамнешниот успех што го имаше компјутерски генерираниот свет во Животот на Пи, веројатно е од него да чекаме и Бонд во 3Д.
Дејвид Јејтс
Јејтс има смисла да го сними Бонд, ама некако ќе биде досаден избор. Јејтс е најмногу познат како режисер на последните 4 делови од Хари Потер. Проблемот со Јејтс е што тој веројатно Бонд ќе го направи да изгледа како Бонд. Како што беше случајот со Хари Потер, тој изворно (и беспрекорно) го пренесе ликот како во книгите. Значи би имале Бонд кој дефинитивно е Бонд, меѓутоа без никаков дополнителен "зачин."
Шејн Блек
Ако го споредуваме со Ајрон Мен 3, тогаш новиот Бонд треба да има интересен дијалог и многу експлозии. Единствено проблемот е што ликот на Бонд не е ликот ексцентричен милијардер кој е непоправливо заљубен во себе и својот живот.
Кристофер Нолан
Ако последниот Бонд на Мендез мислите дека беше мрачен, тогаш треба да почекате да видите кои се маки од минатото ќе му извади Нолан на Бонд. Ама барем ќе биде преполно со играчки од Кју.
3Д, Гослинг или Ајрон Мен: што ќе се случува со 007?