
Казиното е по сите стандарди за ВИП мека, со фасцинантен поглед над градот, дијамантски лустери и шест пребогато уредени соби, каде што најголемите коцкари мора да дадат барем 1,6 милиони долари по посета, за воопшто да можат да влезат.
Целиот ресорт, вклучително и ВИП делот, беше граден девет години и е отворен во 2011-та. Во него има 600 маси за коцкање и 250 апартмани кои треба да ги привлечат најбогатите коцкари во Кина.
Минатата година, приходите на Галакси Макао казиното изнесувале 38 милијарди долари, а само во март годинава тие собрале 3,9 милијарди долари. Самата изградба на мега-казиното изнесувала речиси 2 милијарди долари.