Камерите што полнат буџет

Само топ 10-те сообраќајни камери во Вашингтон годишно издаваат 29,5 милиони долари казни за сообраќајни прекршоци.

Камерите во градот почнаа да се поставуваат пред 14 години, а во 2012. целата мрежа на камери издаде казни во износ од 84,9 милиони долари.

Најпрофитабилната камера во градот, во 2012. од 61.061 сообраќајна казна донела 8,1 милион долари во градискиот буџет.

И покрај негодувањето на граѓаните околу успешноста на камерите, експертите објаснуваат дека постои огромен број на научни студии кои докажуваат дека камерите го намалуваат ризичното однесување кое предизвикува сообраќајни несреќи.

28 мај 2013 - 16:02