Како дел од кампањата за промовирање на новиот блендер Philips Walita Avance, Огилви Бразил спои неколку парови на овошја за да ги добие веројатно најегзотичните сорти во светот.
Резултатите се банагода = црвена банана со вкус на јагода, кивирина = киви со вкус на мандарина и ананарозје = ананас со боја на грозје. Целиот подвиг е комплетно гастрономско дело на молекуларната гастрономка Клесија Рибеиро.
Овошјата некое време ги имаше на пазар во Сао Паоло.